За организацијата

Супербрендс ги изнесе своите програми во повеќе од 90 земји.

Супербрендс е најголемиот независен арбитер за брендирање во светот, кој ги одликува најсилните и највлијателните светски брендови преку своите публикации и национални маркетинг програми.

Супербрендс е глобална организација која ја промовира дисциплината на брендирање. Започнавме програми во повеќе од 90 земји, вклучувајќи ги и сите клучни глобални пазари. Работевме со околу 17 000 главни брендови низ 400 поединечни публикации.

Статусот Супербрендс ја зајакнува позицијата на брендот, му додава престиж и го поставува високо над своите конкуренти. Само брендови кои се високо оценети од страна на стручната комисија на Супербрендс и на кои преку други истражувања им е доделен статусот на Супербренд се поканети да се приклучат на нашите програми..

Стручиот совет на Супербрендс се состои од експерти и еминентни индивидуалци од светот на брендирање, рекламирање, маркетинг, дизајн, производен менаџмент, односи со јавност и бизнис.