Медиуми и односи со јавност

Супербрендс и нашите партнери од односи со јавноста соработуваат со сите сектори од медиумите: како за промоција на програмата, така и за избраните брендови. Телевизијата, печатот, радиото и Интернетот заедно се користат за информирање на клиентите за функционирањето на Супербрендс и за брендовите кои се здобиле статусот на Супербрендс.

Новинари од телевизиите, радиото и печатот добиваат копии од изданијата на Супербрендс. Публикацијата служи како непроценлива референца и извор на кредибилни информации за новинарите кои пишуваат за конкретен пазар или бренд, или пак генерално за брендинг, маркетинг или за бизнис сферата.