Бенефиции од учество

Историјата, наследството и позиционирањето на брендот ќе бидат прочитани од страна на илјадници највисоки и врвни корпоративни раководители и сите инволвирани во адвертајзинг, маркетинг, односи со јавноста, малопродажба, бренд и производен менаџмент.

Високиот профил на брендот ги осигурува и постоечките клиенти дека го купуваат вистинскиот бренд, а воедно ги мотивираат и потенцијалните потрошувачи да го пробаат брендот.

Медиумските активности на Супербрендс во државата ќе ги означат и нагласат постигнувањата на брендот.

Апсолутната репутација и слика на водечки бренд е висока мотивација за вработените кои сакаат да бидат поврзани и асоцирани со националните познати имиња. Ова ја зајакнува високата лојалност на вработените. И најдобрите менаџери сакаат да работат за најдобрите компании.

И трговците и клиентите можат да бидат сигурни дека соработуваат и работат со одличен бренд.

Трговците се сигурни дека го снабдуваат вистинскиот бренд, што ги убедува и другите трговци дека и тие треба да го направат истото.

Супербрендс ја потврдува високата оценка за недопирливиот имот на брендот.

Многу новинари ги добиваат изданијата на Супербрендс и тековно се информирани за нашите активности и изборот на нови Супербрендови, што значи и дека ќе го користат Супербрендс како извор кога ќе вршат истражувања за некој од брендовите.

Публикацијата е одличен подарок за добавувачите, клиентите, инвеститорите и вработените. Исто така идеален е и за сите настани и приеми.

Претставува одличен начин за точно и тековно информирање на луѓето (како за оние внатре, така и за оние кои се надвор од компанијата) со позиционирањето на брендот и неговите постигнувања.

Со тоа што сте избрани и претставени на superbrands.com, односно на superbrands.mk ги обезбедувате корисниците на Интернет ширум целиот свет со информации за позицијата и статусот на Вашиот бренд, во многу престижна и кредибилна околина.

Квалификуваните брендови и партнерите ќе го добијат „Печатот на Супербрендс“, кој може ќе можат да го користат за да го симболизираат својот „Супербрендс статус“ на нивните рекламни и маркетинг материјали, веб-страници, пакувања и сл. Истражувањата на Нилсен, Синовејт, ТеЕнЦе и други истражувачки компании покажаа дека е за 70% поверојатно потрошувачите да купат производи или услуги кои го носат знакот на Супербрендс.

YouTube Video more than 4000000 Views
Case Studies 17010
Publications and eBooks 405
More likely to purchase 74 %