Супербрендс публикации

Супербрендс е глобален медиумски, комуникациски и издавачки бизнис кој оперира во повеќе од 90 земји низ светот. Нашите публикации оддаваат почит на најсилните и највреднуваните брендови на пазарот.  Низ годините објавивме повеќе од 17 000 презентации за најјаките и најценетите светски брендови преку околу 400 одделни Супербрендс книги.

За да ги претставиме овие приказни креиравме и бренд-видеа за нашите клиенти кои можат да бидат видени на www.superbrandstv.com. Милиони потрошувачи низ светот ги гледаа овие интересни и единствени презентации на брендовите. Што Ве прави Супербренд? Што ја создава освестеноста, посакуваноста и моќта која ја има еден Супербренд? Со помошта на компаниите и Советот на Супербрендс, ги составивме приказните на овие иновативни и престижни Супербрендови.

Освен преку приказните за Супербрендовите, ќе откриете што еден бренд го прави Супербренд и според членовите на нашиот Стручен совет. Советот се состои од некои од најеминентните национални медиумски и комуникациски експерти и секој од нив ја споделува својата длабока благодарност кон она што претставува да сте дел од таа ретка и толку вредна работа – Супербренд. Кога прв пат започнавме со приказната за Супербрендс во 1995 година, не бевме сигурни колку ќе биде успешен тој концепт.

Наскоро откривме дека сите поискусни раководители од областа на рекламирање, маркетинг, медиуми и бренд менаџмент сакаат копии. Студентите по маркетинг и брендинг ги разграбаа книгите. Дури и потрошувачите, кои немаат директна инволвираност во светот на брендингот, беа фасцинирани од информациите кои ги обезбедува книгата, па и тие купија илјадници копии од Супербрендс на домашните пазари на кои беа издадени книгите.

Ретроспективно гледано, не требало да бидеме изненадени. Брендовите кои се претставени во нашите публикации се интегрален и важен дел од нашите животи. Големиот бренд покрај тоа што е обележје на пазарот, е и многу повеќе. Се работи скоро за хералдички симбол со мрежа позитивни асоцијации. Никогаш немојте да ја потценувате моќта на симболите: ставете ги на националното знаме и луѓето ќе умираат за нив.

еКниги

Кликнете на кориците за да ги прочитате фасцинантните факти за многу од најсилните и најценетите брендови во државата.

Macedonia Volume 1 (Macedonia)

Macedonia Volume 1 (Macedonia)

Macedonia Volume 1 (English)

Macedonia Volume 1 (English)

Macedonia Volume 2 (Macedonia)

Macedonia Volume 2 (Macedonia)

Macedonia Volume 2 (English)

Macedonia Volume 2 (English)

Macedonia Volume 3 (Macedonia)

Macedonia Volume 3 (Macedonia)

Macedonia Volume 3 (English)

Macedonia Volume 3 (English)