Настани

За да го прославиме изнесувањето пред јавноста на новите Супербрендс публикации и да им оддадеме почит и благодарност на најсилните и најценетите брендови на пазарот, Супербрендс организира спектакуларен настан низ целиот свет.

Наградите на Супербрендс им се даваат на најуспешните брендови на пазарот. Наградите се претставуваат пред раководителите на победничките брендови, како и пред извршните и управните директори, директорите на маркетинг и други врвни маркетинг и ПР раководители.

Настаните на Супербрендс се прекрасно претставување и прикажување на брендовите, како и можност за промоција на нивните успеси. Исто така, тоа е прилика за раководителите на најголемите брендови да се соберат и заедно да го прослават нивниот Супербрендс статус.

Настаните на Супербрендс се покриени телевизиски и онлајн, пренесувани на радио и во печатените медиуми и генерираат голем публицитет за нашите клиенти. Церемонијата на настаните на Супербрендс често е придружена и со значајно присуство на медиуми и папараци.

Настан Супербрендс Македонија 2016 година